Почина новинарот Константин Петровски

По кратко боледување, во Битола почина битолскиот новинар Константин Петровски – Кокан на 44 годишна возраст.
Петровски имаше завршено студии по новинарство, пишуваше во битолскиот весник „Его“, а имаше и соработки со локалните телевизии. Автор е на книгата „Филтер Југославија“ во која се објавени делови од неговите текстови од „Его“, остави во ракопис неколку романи за деца, а го сними и документарецот „Патот до Аликанте“ посветен на пејачот Цане Николовски од „Елита“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …