(ВИДЕО+ФОТО) ФОРМУЛА 1 – ГН на Унгарија: Макс Верстапен до првата пол позиција во кариерата

Макс Верстапен стигна до својата прва пол позиција во кариерата и стана 100. различен возач кој победик на квалификации во Формула 1 Гранд При викенд.
Зад него возачите на Мерцедес, Ботас преблиску, Хамилтон на две десетинки, а Ферари помалку од половина секунда.
По првата серија летечки кругови, Макс Верстапен на чело со 25 стотинки пред Хамилтон кој беше дополнителна стотинка пред Валтери Ботас, а изненадувачи 4ти Кевин Магнусен на Хаас.
Кон средина на сесијата Шарл Леклер се подготвуваше за својот летечки круг и се изврте на излезот од последната кривина сакајќи да “фати“ добар залет за кругот. Младиот возач заврши во ограда со задниот дел, но без проблеми возеше до својата гаража каде се случија поправките.

Џорџ Расел имаше одлични квалификации и не успеа да мине во следниот квалификациски сегмент за само половина десетинка, а беше побрз од својо колега задури 1,3 секунди. Сепак, ќе стартува од 16то место во 8от ред.
Седум десетинки зад Расел беше Чеко Перез, а зад него разочарувачки квалификации имаше Даниел Рикардо кој постави 17то време побавно за половина секунда од својот коега Нико Хулкенберг кој мина како 12ти. Од последниот ред ќе почне Ленс Строл кој продолжува со лошите квалификаии, а најбавен Роберт Кубица кој беше 8 десетинки побавен од Строл.
Вторите 15 минути му припаднаа на Луис Хамилтон чие време беше само 25 стотинки побрзо од она на Макс Верстапен, кој беше пак десетинка побрз од Валтери Ботас.

К2 значеше крај за Нико Хулкенберг кој за половина десетинка не мина понатаму и ќе стартува од подоброто место во 6от ред, заедно со Александер Албон кој беше 12ти и имаше 5 илјадитинки побрзо време од својот колега Даниил Квјат кој беше 13ти. Антониот Џовинаци имаше 14то време додека Кевин Магнусен последен извозе круг, но не мина понатаму и ќе ја почне трката од 15то место.
Првата серија летечки кругови во К3 делот мина во знакот на Макс Верстапен чие време беше 18 стотинки побрзо од Валтери Ботас, кој пак беше стотинка побрз од Луис Хамилтон. Четврто време имаше Фетел, а зад него Леклер со околу четири десетинки заостаток.
Втората серија летечки кругови сите возачи си ги подобрија своите времиња, но Верстапен остана на чело со само 18 илјадитинки пред Валтери Ботас,а 2 десетинки пред Хамилтон. Возачите на Ферари ќе почнат од 4то и 5то место со над 4 десетинки предност, а Пјер Гасли со над десетинки ќе почне од 6та позиција.
Седмо место за Ландо Норис кој беше само 6 стотинки пред својот колега Карлос Саинз, додека 5от стартен ред за Роман Гросжан и неговите речиси 3 стотинки предност пред Кими Раиконен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …