(Рецепт) Кафе во служба на убавината

Освен што не буди кафето е одлично и за нега: Еве на кои се начини можете да го употребите.
Дури и ако не сте љубители на кафето после ова ќе го промените мислењето.
Кафето има повеќе бенефити отколку што сте мислеле. Добро е за коса, кожа и за телото.
Еве како може да го искористите:

Кафе за нега на лицето



Преполно со антиоксиданси кафето е одличен сојузник во борбата против брчките и заштита на кожата од штетите кои ги предизвикуваат слободните радикали, загаден воздух, цигари и алкохол.
Маска за лице од кафе: измешајте две лажички свежо мелено кафе со две лажички какао во прав, три лажички полномрсно млеко и 1 лажичка мед. Нанесете тенок слој маска на лицето и оставете да делува 15. минути, па потоа измијте со топла вода.

Кафе за поубава коса



Одлична алтернатива за скапи шампони кои ветуваат дека косата побрзо ќе ви порасне. Поради кафето вашата коса ќе биде поблескава и мазна, а ако директно ја вмасирате во темето кофеинот ќе ги стимулира фоликулите на косата и така ќе го забрза нејзиниот раст.
Направете сами: сварете филџан јако кафе па во него додајте половина филџан вода. Оставете да се излади па таквата течност вмасирајте ја во косата и темето. Косата завиткајте ја со пластично ќесе или фолија. Оставете да отстои 20. минути па измијте со млака вода.

Одлично за нега на телото


Веројатно од искуство знаете дека кафето делува како диуретик. Сличен ефект ќе имате и на кожата на целото тело. Ако го нанесете ќе отстранете вишок течност и привремено ќе направите целулитот да биде помалку видлив.
Направете сами: измешајте еден филџан мелено кафе, половина шолјичка бел или кафеав шеќер и еден филџан кокосово масло. После туширањето овој микс вмасирајте го на мокрото тело и на крај измијте со млака вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …