Во текот на бурниот ергенски живот Џорџ Клуни во кревет носел бројни убавици, а сега се’ погласно се зборува за тоа дека со една од нив има и вонбрачно дете кое не сака да го признае
Клуни наводно и направил дете на актерката и манекенка Стејси Киблер, со која, по двегодишна врска, раскинал во 2013. година.
Најголемиот заводник меѓу актерите, Џорџ Клуни, до сериозно зрели години одбивал повторно да стапи во брачна заедница, по бракот со Талија Болзам од 1989. до 1993. година.
На крајот, во 2014., пред олтар го одвела адвокатката за човекови права Амал Аламудин.
Меѓутоа, во текот на бурниот ергенски живот Џорџ во кревет носел бројни убавици, а сега се’ погласно се зборува за тоа дека со една од нив има и вонбрачно дете кое не сака да го признае.
Клуни наводно и направил дете на актерката и манекенка Стејси Киблер, со која, по две години врска, раскинал во 2013. година.Целата приказна се подгреала кога Клуни на домашна адреса добил анонимно писмо, во кое од него се бара да направи тест за докажување на татковството, за да се утврди дали тој е татко на 5. годишната Ава, чија мајка е Стејси.
Писмото го примила и прочитала Амал, а тоа, како што се пишува, кај адвокатката предизвикало стрес и ја довело до солзи.
Датумот на зачетокот на малата Ава се преклопува со официјалниот датум на раскинувањето на Стејси и Џорџ, и почетокот на нејзиното гледање со сегашниот сопруг Џеред Побре. Стејси и Џеред имаат две деца, ќерките Ава Грејс (5) и Бодни Брукс (1), а којзне можеби постарата е на Џорџ Клуни.
Потсетуваме, Клуни со сопругата Амал ги има двегодишните близнаци Ела и Александра.