(Рецепт) Природно избелување на забите дома: Во неколку чекори во блескаво бела насмевка!

Испробајте ги овие природни методи за избелување и заштедете доста пари…
Избелувањето на забите со години е популарно, но е и доста голем финансиски издаток. Сите ја сакаат таа блескава холивудска насмевка. Наместо да издвоите поголемо количество пари ве советуваме да ги испробате овие природни алтернативи за белење на забите.
Јадете што повеќе продукти кои придонесуваат за природна белина на забите

Верувале или не, честото консумирање одредени видови на храна може да ви помогне да ги избелите забите. Целерот, јаболката, крушите и морковот го чистат каменот од површината на забите и спречуваат собирање, па затоа треба да ги јадете колку што е можно побрзо. Секако, сурови.

Ако навистина не морате, не консумирај нешто што само ја влошува ситуацијата.

Се подразбира дека нема секогаш да им кажувате не, но ако сакате да ги избелите забите, добро е да знаете што да избегнувате.
Цигарите, црвеното вино, кафето и чајот се само дел од многуте напаѓачи на брилијантна насмевка, и ако не ви прираснале за срцето, би можеле да почнете да ги избегнувате.
Од време на време, исчистете ги забите со мешавина од сода бикарбона и свежо исцеден лимон.

Иако најчесто се користи во кујната, сода бикарбона може да послужи како одличен сојузник во борбата за бели заби. Сè што треба да направите е да ги измиете забите со сода бикарбона од време на време, не повеќе од еднаш на секои три недели. 
Измешајте сода бикарбона и лимон додека не добиете густа мешавина.Натопете ја четката и четкајте ги забите околу 1 минута. Потоа исплакнете ги забите и иуште еднаш измијте ги со паста за заби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Повторно заедно – Кели од Беверли Хилс сподели фотографија и ги воодушеви фановите на култната серија

Тие беа ѕвездите на култната серија од деведесеттите „Беверли Хилс 90210“ на авторот Дарен Стар, …