(ВИДЕО) ПОСЛЕ РАЃАЊЕТО НА ВТОРИОТ СИН ЗБОРОВИТЕ НА ЧАРЛС „И ГО СКРШИЛЕ СРЦЕТО“ НА ДИЈАНА:„Кога се роди Хари нашиот брак беше готов – се тргна удолу, а нешто во мене се затвори!“

Британското кралско семејство не престанува да ја шокира јавноста. Сега се појавиле нови, непознати, детали за односот на принцот Ќарлс и лејди Дијана…
Иако многу се зборувало и се зборува за нејзиниот однос со синови, има до сега еден непознат детал во врска со раѓањето на принцот Хари. Принцот Чарлс сакал ќерка повеќе од било што на светот, а кога Дијана дозна дека повторно ќе  роди  син, тоа го криела од нејзиниот сопруг се’ до нејзиното породување.

Една година по раѓањето на принцот Вилијам, Дијана била под голем притисок дека мора да роди наследник. Во септември 1983. година, Палатата Бакингем објави дека Дијана е бремена по вторпат, но за жал набргу потоа имала спонтан абортус. Во 1984. година, парот дознал дека таа е повторно бремена. За време на оваа тешка бременост, Дијана се пожалила на нејзиниот пријател дека не е родена за да го продолжува видот, но дека на крај сепак се конечно се исплатува.


Во септември 1984. година, Дајана родила момче, кому му го дале името Хари Чарлс Алберт Дејвид Маунтбатен-Виндзор, по девет часа долготрајни трудови без никаква анестезија или лекови против болки. Во книгата за нејзиниот живот, Дијана  рекла како изгледало кога  на својот сопруг му рекла дека родила втор син.

“Чарлс секогаш сакаше девојче, а кога дозна дека родила момче, неговиот прв коментар бил ‘О,па тој е момче. И уште има црвена коса’“.
Чарлс коментарите ги опишал како шега, но Дијана тоа многу ја повредило и навредило, бидејќи нејзината сестра и брат имаале црвена коса која во семејството на Спенсер била наследна.


За да бидат работите уште полоши, Чарлс во декември на крштевката на Хари на мајка и ан Дијана и рекол дека се сите разочарани бидејќи мислеле дека ќе роди девојче.Дијана тогаш рекла дека никогапш не била поприсна со Чарлс како последните неколку недели пред раѓањето на Хари.
“Тогаш се роди Хари и нашиот брак се распадна. Сè отиде надолу. Нешто во мене само се затвори”, признала принцезата.

За ова тој ја обвинила неговата романса со Камила и додаЛА дека знаелА дека отишол кај неа во тоа време, пишува PopSugar. Црвената коса на Хари довела до тоа многумина да се сомневаат дека неговиот татко всушност бил Џејмс Хјуит, кој ги подучувал Дајана, Вилијам и Хари јавање, но двојката имала афера  дури две години по раѓањето на вториот принц. Желбата на Чарлс да има ќерка никогаш не го напуштила, па никој не бил изненаден од неговата огромна радост кога принцезата Шарлот е родена во 2015. година. 

“Се надевав дека ќе добијам внука, некој кој ќе ми помага во староста. Јас сум повеќе од возбуден”, изјави принцот по раѓањето на внуката.


Екран.мк/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Денис Кралевски од Македонија доби шанса за втор живот благодарение на лекарите од УМБАЛ „Св. Ана“ во Софија

Тимот на д-р Станислав Јорданов од болницата „Св Ана“ во Софија му даде шанса на …