Освен машината на четири тркала која од вчера е во рацете на Џеј Ло, имало и изненадување во облик на огномет кој некогашниот бејзбол играч исто така го приредил во чест на својата свршеничка…
Џенифер Лопез во голем стил го прославила влезот во шестата деценија – кој би поверувал дека има 50 години?
Убавата Џенифер Лопез, една од најславните личности на денешнината, во средата, на 24. јули наполнила 50 години. Тешко кој би можел да поверува дека пејачката влегла во шестата деценија, со оглед на тоа што изгледа беспрекорно.
Како и што можело да се очекува, Џеј Ло организирала забава за паметење со помош на својот свршеник Алекс Родригез, кој на својата поубава половина и подарил скапоцен автомобил, црвен кабриолет “Porsche Carrera 911 GTS” на чии регистарски таблички ги пишува иницијалите на пејачката.
Автомобилот на Џеј Ло пристигнал во машна, а пејачката потоа заедно со семејството тргнала во едно тест возење.
Роденденската торта била исто така за паметење, а Алекс не ја “испуштал од око” својата поубава половина и цело време бил покрај неа и расположено танцувал.
Освен машината на четири тркала која од вчера е во рацете на Џеј Ло, имало и изненадување во облик на огномет кој некогашниот бејзбол играч исто така го приредил во чест на својата свршеничка.
Но, изненадување и приредиле и од Мајами Бич кои одлучиле 24. јули да го прогласат за ден на Џенифер Лопез – „Jennifer Lopez’s day” во чест на роденденот на славната пејачка и глумица.Таа исто така примила и клуч од градот.И, ајде сега некој нека каже дека не е легенда“ стои во описот на фотографијата!