„Македонска дискографија – винили“ е нова монографија на Тошо Филиповски

Во петок, 26.јули, во МКЦ ќе се одржи промоција на монографијата „Македонска дискографија-винили (19858-2019)”, прв том, на авторот Тошо Филиповски.
Техничките перформанси на ова печатено издание се: претставување на 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја, А4 формат. Подарок со секоја монографија е компилациската плоча со 12 актуелни македонски рок бендови: „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?”

Промотори на монографијата се Бранка Костиќ – Марковиќ и Ѕвездан Георгиевски.
Претставувањето на монографијата ќе започне во 21:15 часот, но пред самата промоција ќе се случат и две помали промоции на компилациски плочи – 19:45 слушачка промоција на LP компилација „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?” – (Corpus Delicti Records), 20:30 слушачка промоција на LP компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985″ – (Corpus Delicti Records).
Од 21:45 ќе се одржат неколку концерти, а од полноќ проекција на филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утревечер во МСУ се отвора меѓународната изложба „Гледај тука сум без простор” 

Во 20 часот, во трите галериски простори на Музејот на современата уметност – Скопје ќе …