(ФОТО) Нов пресврт во случајот на Кристиано Роналдо околу силувањето на Кетрин Мајорга!

Последните месеци Кристиано Роналдо се соочуваше со сериозно обвинување за силување на поранешната манекенка и хостеса, Кетрин Мајорга, кое се случило во Лас Вегас пред 10. години…Целиот случај го презеде полицијата во Лас Вегас и работите попримија друга димензија…
Но, Кристиано Роналдо нема да се соочи со криминални обвинувања за настаните во неговиот апартман, кои против него ги поднесе Кетрин Мајорга, известил,вчера, обвинителот во Лас Вегас.
Новата истрага од полицијата на Лас Вегас не успеала да го докаже тврдењето на Кетрин Мајорга дека била силувана од страна на најдобриот фудбалер на светот.
Во судскиот процес, во федералниот суд, Мајорга тврдела дека била присилена да потпише договор со кој ќе се обврзува да молчи во замена за 375.000 долари. нејзините адвокати се обиделе да го заобиколат овој договор и да земат дополнителни 200.000 долари од Роналдо.
Адвокатите на фудбалерот на Јувентус истакнале дека Роналдо и Мајорга во јуни 2009. година имале доброволен секс и негирале дека станувало збор за силување.
Нејзиниот адвокат потенцирал дека Кристиано и Мајорга се сретнале во ноќниот клуб а потоа отишле во неговиот апартман во „Палмс Хотел“ каде ја нападнал во спалната соба.Подоцна Мајорга во полиција однела некакви докази за ДНК на напаѓачот но во полиција никогаш не го открила името на силувачот.На полицијата само и рекла дека станува збор за европски фудбалер.
Адвокатот потенцирал и дека таа под притисок го потпишала договорот со кој се обврзува да молчи со цел да се заштити репутацијата на Кристиано Роналдо.
„Како резултат на нејзините дејствија полицијата не беше во можност да направи вистинска истрага. Детективите не беа во состојба да бараат витални форензички докази. Плус, видео евиденцијата која покажува интеракција помеѓу жртвата и фудбалерот пред да се случи наводниот криминал е изгубена“, рекол обвинителот Волфсон.
Со тоа се стави точка на обвинувањата на Кетрин Мајорга дека во јуни 2009. година била силувана од Кристиано Роналдо.
Светските медиуми пренесуваат дека тоа е ГОЛЕМА ПОБЕДА за фудбалерот на Јувентус.
Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) САРА Е „БОМБА“ НА ИНСТАГРАМ А ВО ЖИВО НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Се појавиле фотографии а со нив и болната вистина!

Често се заморуваме од перфекцијата на Инстаграм, поради што секогаш сме воодушевени од жени и …