Ретко кој знае за Венеција во Холандија, малечкото гратче Гиетхорн оддалечен 120. километри од Амстердам, во кој сите патишта се заменети со – канали. Волшебното гратче досега го одбегнало „туристичкото откривање“…
Асфалтираните патишта се погодни за превоз од точка А до точка Б, но црните плочи асфалт полни со дупки, жолти линии и стрелки не се најубава работа за гледање.
Замислете место каде сите улици се заменети со канали. Нема повеќе свирење, колони или агресивни возачи.
Добри вести! Такво место постои, а во стварност е баш толку убаво какво што сте си замислиле.
Во градот Гиетхорд во Холандија, можете да се движите со брод, велосипед или пешки, пишува Reader’s Digest. Се наоѓа околу 120. километри северно од Амстердам, во националниот парк Weeribben-Wieden.
Околу 180 мостови на луѓето им овозможуваат да се движат преку каналите кои се протегаат низ целиот град.
Популацијата на Гиетхорн е многу мала, а уште помалку луѓе слушнале за овој град па туристите се реткост.
Преку лето градот е убав поради мирот, опуштеност, природата и самите канали, но преку зима, кога каналите ќе се заледат, единствен начин на движење е лизгањето, што е посебно доживување.
Луѓето често овој мал успиен град го нарекуваат Венеција во Холандија поради својата убавина и романтика.