(Рецепти) Зрнестата храна е повторно „ИН“!

Се сеќавате кога баба ви велеше дека треба почесто да јадете зрнеста храна? И кога намрштено одбивавте да ја јадете леќата која мајка ви ви ја зготвила?

Тие времиња одамна завршија. Всушност, завршија во оној момент кога вагата покажа плус 5 килограми токму пред да тргнете да одмор, а крвната слика со прекор гледаше кон вас небаре е Белиот Зајак од Алиса во земјата на чудата велејќи ви дека мора веднаш нешто да направите со железото во крвта. Повеќе нема изговори дека понудата во маркетите ве саботира, бидејќи брендот Сончева Долина донесе на рафтовите вкусни и здрави производи.

Зад секој производ што го гледаме над рафтовите се крие приказна, онаа почетна идеја и крајна цел поради која е создаден. Сончева долина како македонски бренд може да се пофали со плејада производи кои ги следат тековните препораки за здрава храна, истите целосно прилагодени на брзиот животен стил. И тука повторно се враќаме на зрнестата храна – знаете ли дека нутриционистите ги нарекуваат зрнеста магија на модерниот живот? Тоа се должи на фактот што изобилуваат со протеини, хранливи влакна,витамини и минерали, а имаат малку калории и масти. Океј, формулата е откиена, тука се криела тајната за совршено тело. А ако ви кажеме дека личностите што јадат порција мешунки во еден оброк, веќе во наредниот внесуваат 12% помалку калории?

Да, да, веќе го имаме вашето внимание. Земете го на пример гравот на Сончева долина богат со есенцијални амино киселини, калиум, калциум, фосфор, железо, магнезиум, цинк и натриум. И да, во 100 грама има само 78 калории. Засукајте ги ракавите и фрлете се на омиленото тавче гравче. Секако тука е и леќата – црвена и зелена, полна со протенини, без нималку масти. Да не должиме, наместо да се двоумите дали мастите, протеините и калориите ви се синхронизирани, размислете да внесете зрнеста храна во вашето мени.
Сончева долина ќе се погрижи за разновидноста на истите, како не би ви здодеале, а на вас останува да го извадите стариот тефтер со рецепти од баба, силно да ја дувнете прашината и да се фрлите на готвење! Еве и корисен линк од кој може да се испирирате…http://www.soncevadolina.mk/cookbook/index.html#/0

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Се сеќавате на деветте трудни медицински сестри? Сите се породиле!

ПРИКАЗНАТА за девет медицински сестри од иста болница кои во исто време биле бремени ја …