(ВИДЕО) Ѓоковиќ со сопругата и клапа на Корчула запеал песна од Оливер Драгојевиќ!

Откако пристигнал на Корчула, во повеќе наврати се фотографирал со обожавателите, а Ноле не крие дека сака да летува во Хрватска. Редовен гостин е на Јадран,а хрватскиот брег го опишува како „најубав на светот“.
Тенискиот број еден после петтата титула на Вимблдон и одличната сезона, одморот го минува на Корчула со сопругата Јелена (33)…
Амбиентот го понел Новак Ѓоковиќ (32) па со клапа ја запеал „Кога ќе ми дојдеш ти“, хитот на Оливер Драгојевиќ и тоа токму на неговиот остров.

„Кога ќе ми дојдеш ти и ќе ми ја вратиш насмевката, сета тага и страдање од мојот живот ќе поминат…Волшебна вечер. Пеењето со клапа од Корчула. Прекрасно искуство. Благодарен сум што делам вака посебни моменти со Јелена“, напишал на својот профил Новак Ѓоковиќ и емотивно се присетил на музичкиот великан.

Откако пристигнал на Корчула, во повеќе наврати се сликал со обожаватели, а Ноле не крие дека сака да летува во Хрватска. Редовен гостин е на Јадран, а хрватскиот брег го опишува како „најубав на светот“.

„Мене, но и на многумина хрватскиот брег им е најубав на светот. Посетив многу земји, но човек некако таму најубаво се чувствува, тоа е ист јазик, според мене и иста култура. Тоа е некој скапоцен камен, бисер на Јадранот. Јас секогаш убаво сум се чувствувал таму, луѓето секогаш убаво ме примале и секогаш сум бил добредојден. Веројатно ќе се вратам веќе ова лето“, зборувал во мај Новак Ѓоковиќ во разговор за IN Magazin, а своето ветување го исполнил со доаѓањето на Корчула.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 5. ГОДИНИ ОД БЕЗДОМНИК ДО МИЛИОНЕР: На 17. останал на улица а потоа смислил ГЕНИЈАЛЕН ПЛАН – Ова се неговите 5. совети за успех!

Хари Сандерс има само 22. години и веќе е извршен директор на компанија. Сепак, животот …