(ВИДЕО) „Либеро бенд“ го преставуваат новиот проект „1001“

„Либеро бенд“ја промовираат нивната најнова песна „1001“,песна за која момците снимија и спот.

Со објавувањето на овојлетен хит, тие го најавија и стартот на новиот проект кој ќе содржи неколку песни и спотови во низа, поврзани на начин кој ќе се открива дел по дел, односно како што ќе тече промоцијата на новитетите.

Проектот веќе и официјално стартуваше со промоција на новата песна, прва од низата, певлива, летна, со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ – текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.

Спотот го изработи Даниел Јовески, снимен е во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе дава уникатна димензија на самото видео и целиот проект.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) ЗА „Некст Тајм“ постои само патриотизам: На настапи со македонското знаме од Кутлеш!

Дечките од „Некст тајм“ се на промотивна турнеја по Македонија и секој нивен настап ги …