(ВИДЕО+ФОТО) ЛЕКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ И ДРУГАРСТВО: Британски тинејџер оработел две години за да на другарот му набави електрична инвалидска количка

Средношколец од Арканзас, Брендон Куалс, веќе долго користи инвалидска количка која се покренуваат рачно. Брендон со количката морал да се спушта и качува по ходниците на училиштето и менувал училници и поради сето тоа се заморувал а го болеле и рацете, но неговиот најдобар другар Танер Вилсон решил да му помогне….

Приказната за двајца американски тинејџери привлекла национално и светско внимание поради несебичниот чин на вистинско пријателство. Имено, CNN пишува, Танер Вилсон со години штедел пари за да му помогне на својот пријател и да му купи електрична инвалидска количка.
Средношколец од Аркансас, Брендон Куалс веќе долго време користи модел на инвалидска количка која се придвижува рачно. Брендон со количката морал да слегува или качува по ходниците на училиштето поради што го болеле рацетe и се уморувал.

“Навистина чувствував голем замор во рацете”, рекол Брендон за Nes9.
Работел и штедел пари
Неговиот пријател Танер одлучил да го усреќи Брендон и две години штедел за да му купи нова количка. Работел со скратено работно време кај локалниот автомеханичар и заработените пари ги оставал на страна.

We would like to share some love. Today Tanner Wilson, Caddo Hill’s Senior, surprised his fellow classmate Brandon…

Gepostet von Caddo Hills School District am Dienstag, 26. Februar 2019

Минатиот месец заштедил доволно пари и на својот пријател му купил електрична инвалидска количка.

“Сонував за таква количка”
“Ја донесоа количката и започнав да плачам. Не можев да верувам дека направи нешто толку убаво за мене”, рекол Брендон. “Сонував за таква количка и сега мојот сон се оствари”, додава тој.

Кога новинарите го запрашале Танер што го поттикна да направи толку убаво дело, тој одговорил:
“Тој секогаш беше навистина добар пријател и сакав да направам нешто убаво за него. Брендон секогаш беше тука за мене. Сите на училиште ме прашуваат: ’Дали вредеше? Им реков дека да. 100 %’”, рекол Танер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) УБАВА ПРИКАЗНА ЗА УБАВО ПОПЛАДНЕ: Мајката не можела да го смири бебето во авион па работите ги презел стјуардот!

ПРВИОТ лет со авион со мало дете е доста стресен, особено ако бебето е исто …