Легендарниот Шекил О’Нил во попладневните часови слетал на аеродромот во Задар, Хрватска, каде во одлично расположение подготвено позирал со фановите…



Прославениот кошаркар не пристигнал на одмор туку дошол на Зрче во склоп на својата најголема турнеја до сега, „Summer League”, во рамките на која ќе настапи и на Паг. Имено, Шек со музика се бави веќе неколку децении, но дури после пензионирањето како играч повеќе се посветил на тоа, а настапува под уметничкото име DJ Diesel.
Шек кој се смета и за најголем ДиЏеј на светот (висок е 216 сантимети и има околу 150 килограми) утре ќе настапи на Зрче, а во текот на август го очекуваат настапи и на популарните светски фестивали како што се Hard Summer Festival во Лос Ангелес и Lollapalooza во Чикаго како и Electric Zoo во Њујорк, помеѓу останатото.

Пред да стане DJ Diesel, 47. годишниот О’Нил имал платинест албум под наслов „Shaq Diesel“.