(ФОТО) Таткото на Новак Ѓоковиќ открил кои светски велесили му нуделе државјанство на неговиот син но и како Боба Живојиновиќ го спречил првиот договор на Ноле!

Срѓан Ѓоковиќ одамна открива дел од семејните тајни, посебно оние поврзани со неговиот син, првиот тенисер на светот, Новак. При гостување во живо во емисија кај Миломир Мариќ, на TV Happy, Срѓан открил неколку работи…
„Кога Ноле беше на почетокот сакав, бидјеќи минавме многу тежок период додека го школувавме, да најдам партнер со кого заедно ќе го поддржиме развојот на Новак. Зборував со сопственикот на „Цептер“ и тој се согласи да биде партнер, со тоа што тој ќе финансираше а потоа добивката ќе се делеше. И, кога мислевме дека договорот е завршен, Боба Живоиновиќ го разубедил велејќи му дека Новак Ѓоковиќ нема никаква иднина и дека бадијала ќе инвестира“, рекол Срѓан Ѓоковиќ.
Потоа во Тенискиот сојуз, посебно кога претседател беше Боба Живојиновиќ имаше многу недоразбирања помеѓу претседателот и семејството Ѓоковиќ а сега е познато и зошто.
Срѓан во живо во емисијата открил дека Новак имал можност да добие државјанство од Велика Британија и заедно со Енди Мареј да доминира во Дејвис купот во годините кои биле пред нив.
„Јас и мојата сопруга разговаравме со Британците. Нивната идеја беше да ги спојат Новак и Енди и долго да владеат во тенисот и да го освојуваат Дејвис купот. Му понудија државјанство. Сепак, Новак е Србин, неговото битие е српско. Не им го кажав тоа веднаш туку им кажав дека ќе разговараме со децата и дека потоа ќе им се јавиме да им ја кажеме одлуката“ – раскажал Срѓан Ѓоковиќ.
„Ноле тогаш имаше 19 години, но многу добро знаеше што сака“.
„Јас појдов и’ им го раскажав сето тоа. Дека ќе имаат можност да живеат таму и да ги имаат најубавите услови на светот. Знаете каков беше нивниот одговор? Никаков. Па, не постоеше никаква сила која би ја променила таа ситуација. Ние сме Срби и останавме Срби до крај“, раскажал Срѓан Ѓоковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до …