(МЕНИ) Новак Ѓоковиќ конечно ја открил неговата „диета“: Силата на уста влегува!

Прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ има специјално мени кое му овозможува повеќечасовно вежбање и исцрпувачки натпреварувања.
Еве што се’ се наоѓа на менито на првиот рекет на светот.

Неговата секојдневна исхрана се состои до јајца, варива, јатки, свежо месо, риба, пилешко месо, одредени млечни производи, овошје и зеленчук.
Житарки и скроб како што се ориз, пченка, хељда и компири се исто така дел од исхраната на Ноле, но одбегнува да ги конзумира доколку во нив има адитиви и конзерванси.

„Загубив и килограми, но оваа исхрана ми помогна и моите движења станаа многу побрзи и поодредени, а јас се чувствувам навистина прекрасно“, рекол Новак во едно интервју.
Појадок:кафе или чај, грејпфрут, ѓеврек без глутен со крем сирење, јајца подготвени на било кој начин, сланина
Ручек: салата, хамбургер на скара, помфрит, сомун или леб – но без глутен, мајонез, леден чај или кафе.
Ужина:тенко исечено тврдо жолто сирење
Вечера: салата со дресинг од масло и оцет, лосос подготвен на путер и лимон, кафеав ориз и зеленчук. Чоколадни колачиња без глутен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …