Нов интегрален леб со просо и црно семе на Жито Лукс дополнително збогатен со железо

Компанијата Жито Лукс во семејството специјални лебови го додаде новиот интегрален леб, со просо и црно семе и просо кој е дополнително збогатен со железо. Една од главните причини поради која компанијата одлучи да го произведува овој леб е грижата за потрошувачите и можноста со своите производи коишто секојдневно се консумираат, да влијае на подобрувањето на здравјето на луѓето.


Добро е познато дека од сите минерали железото е најмалку застапено во нашата исхранаа е одговорно за повеќе витални функции во организмот. Како составен дел од хемоглобинот во црвените крвни зрнца, железото го пренесува кислородот од белите дробови до сите ткива во организмот.Црното семе во својот состав содржи железо, но лебот е дополнително збогатен со овој минерал со цел да им овозможи на сите кои се сочуваат со недостаток на железо да уживаат во вкусен и здрав оброк. Новиот интегрален леб со просо и црно семе содржи големо количество железо, односно2 парчиња содржат 20% железо од препорачаниот референтен дневен внес.


Жито Лукс е компанија – лидер во производството на леб и брашно во земјава. Со традиција постара од седум децении, континуирано ги следи светските трендови и иновации од областа на здравата храна. Со новиот интегрален леб со просо и црно семе   се прошири портфолиото на производи и изборот за оние кои се хранат здраво и внимаваат на состојките што ги внесуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …