(ВИДЕО+ФОТО) Си крадат браќа ич им е гајле: Руски бенд ја украл „Боже чувај ја од зло“ на Тоше и си ја припишале како авторска!

Со оглед на тоа дека авторите на оваа песна се од Хрватска, сигурно дека тие ќе преземат акција за „наплата на авторството“, но останува да видиме како сето тоа ќе се одвива. Ние како редакција го известивме авторот на музика и аранжман, Миро Буљан, за оваа ситуација па останува да видиме каква ќе биде неговата реакција…
Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, „Боже чувај ја од зло“, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на февруари годинава.
Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак, под текстот, кој е само преведен и адаптиран на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.
Фановите на Тоше ширум светот гневни во коментарите пишуваат дека се разочарани од неоригиналноста на групата кои буквално ја „украле“ песната на Тоше, споменувајќи ги неговите извонредни квалитети наспроти нивниот плагијат.
За вакви во светот се водат жестоки судски спорови и се исплаќаат големи парични казни како надоместок на штетата, но останува да видиме како овој случај ќе се заврши со фактот дека авторските права повеќе не се кај пејачот кој за жал не напушти пред речиси 12. години.

Со оглед на тоа дека авторите на оваа песна се од Хрватска, сигурно дека тие ќе преземат акција за „наплата на авторството“, но останува да видиме како сето тоа ќе се одвива.
За потсетување песната „Боже чувај ја од зло“ се најде на последниот албум на Тоше „Игри без граници“ издаден во 2007 година, само неколку месеци пред неговото заминување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …