На „Бич филм фестивал“ во Охрид ќе бидат претставени три краткометражни македонски филмови!

Во пресрет на 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, три краткометражни македонски филма ќе бидат претставени на „Бич филм фестивал“ во Охрид што ќе се одржи од 18 до 21 јули на плажата Оревче.
Краткометражните филмови „Без љубов“ на Дина Дума, „Почеток“ на Агим Абдула и „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг ќе бидат прикажани на 19 јули во 22.50 на плажата Оревче. По проекциите ќе биде организиран и Q&A со авторите на филмовите.
Ова гостување на фестивалот „Браќа Манаки“ на „Бич филм фестивал“ е едно од низата што се организираат оваа година, а публиката има можност да погледне  дел од минатогодишната фестивалска селекција.
Програмата „Филмот им припаѓа на сите“, која ги прикажува најдобрите европски филмови кои биле дел од Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ започна на 12 јули со проекција на два филма во рамки на програмата на фестивалот Дрим Он во Струга.
„Нашата идеја е да се генерира што повеќе филмска публика онаму каде што нема постојана киноприкажувачка практика. Во периодот јули 2019-јуни – 2020, низ повеќе градови во Република Северна Македонија ќе ги поттикнеме љубителите на филмот да ни се придружат и заедно да ги погледнеме сториите кои ја освоија европската публика, зачинето со вкусот на домашното кино. Во тоа ќе ни помогнат пријатели, колеги, ентузијасти, но и општини и градски татковци, се надеваме.
Замислата ја реализираме со поддршка на програмата Медиа на Кретаивна Европа, а во реализацијата се вклучени членовите на тимот на ИФФК„Браќа Манаки“, вели Гена Теодосиевска, директорката на фестивалот „Браќа Манаки“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВОГОДИШЕН ЧОКОЛАДЕН СВЕТ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Сите деца ќе можат да уживаат во Новогодишниот чоко свет во Скопје Сити Мол од …