(ВИДЕО+ФОТО) Се враќа серијата по која светот лудувал од 2007. до 2012. година

Следната година се враќа серијата по која светот лудувал од 2007. до 2012. година – „Gossip Girl” или во превод „Озборувачка“.
Серијата ќе се прикажува на стриминг сервисот HBO Max, а засега се знае дека ќе се следи сосема нова група богати млади луѓе од Менхетн.
„Осум години од изворните страници, нова генерација тинејџери од приватни школи во Њујорк се запознаваат со надзорот кој го спроведува ‘Озборувачка’. Ќе се прикаже колку светот на социјалните медиуми и Њујорк се промениле во меѓувреме“, го опишуваат продолжувањето на серијата од HBO.
Креаторите на оригиналната серија Џош Шварц и Стефани Севиџ се извршни продуценти, пренесува E! News.

Засега не се знае дали некој од оригиналната актерска постава ќе добие улога и во продолжувањето. Да потсетиме ѕвезди на „Озборувачка“ биле Блејк Лавли, Пен Ведгли, Чејс Крафорд, Лејтон Местер и Ед Вествик.
Улогите во серијата им донеле светска слава која трае и денес, а ликовите и самата серија сеуште имаат голема база на фанови.
Серијата имала шест сезони и вкупно 121. епизода, а се темели на серија истоимени книги на авторката Селија вон Зиегасар. Глумицата Кристен Бел го позајмила својот глас на ликот на Gossip Girl, односно Озборувачката која на својот блог (Gossip Girl) пишува трачеви.

Дејствието на серијата било фокусирано на животите на привилегираните тинејџери од Менхетн (Upper East Sidea) во Њујорк, а судејќи според наводите од HBO, така ќе биде и во новите епизоди.
Главни ликови во оригиналната серија биле Серена ван дер Вудсен (Блејк Лавли), Блер Валдорф (Лејтон Местер), Чак Бас (Ед Вествик), Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), Ден Хамфри (Пен Бадгли) и Џени Хамфри (Тејлор Момсен).
Стриминг сервисот на HBO Max би требало да биде достапен од пролет 2020. година, а освен продолжувањето на „Gossip Girl”, на него ќе можат да се гледаат и легендарните „Пријатели“, „Слатките малечки лажливки“, „Принцот од бел Ер“…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЗА 5. ГОДИНИ ОД БЕЗДОМНИК ДО МИЛИОНЕР: На 17. останал на улица а потоа смислил ГЕНИЈАЛЕН ПЛАН – Ова се неговите 5. совети за успех!

Хари Сандерс има само 22. години и веќе е извршен директор на компанија. Сепак, животот …