(ВИДЕО+ФОТО) Отфрлени обвинувањата против Кевин Спејси за сексуални напади

Оскаровецот Спејси во меѓувреме се нашол на мета на неколку обвиненија за сексуално вознемирување. “Netflix”, каде се прикажува телевизиската серија “House of Cards” во која Спејси ја имал главната улога, исто така ги прекинал сите врски со актерот.
Американските обвинители објавиле дека се откажале од кривично гонење на актерот Кевин Спејси за наводен сексуален напад на 18-годишно лице во бар во Нантакет пред повеќе од 3 години, пишува The Hollywood Reporter.
Канцеларијата на обвинителот од окружниот суд во Нантакет во Масачусетс објавила дека се откажува од кривично гонење поради “недостапност на оштетениот во својство на сведок”.
59.годишниот Спејси бил обвинет за наводен сексуален напад на работник во ресторан во 2016-та година.
На сослушувањето пред една недела, оштетениот одбил да сведочи за тоа дали ги избришал своите СМС пораки кои му ги праќал на Спејси.

Минатата година, еден месец по отворањето на кривичната постапка, мајката на наводната жртва на прес-конференција го обвинила Спејси дека сексуално го вознемирувал нејзиниот син откако му купил алкохол. Во САД не е легална консумацијата на алкохол за помлади од 21 година. 
Оскаровецот Спејси во меѓувреме се нашол на мета на неколку обвиненија за сексуално вознемирување. “Netflix”, каде се прикажува телевизиската серија “House of Cards” во која Спејси ја имал главната улога, исто така ги прекинал сите врски со актерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ова е новата куќа на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Има теретана и 24 бањи

Долго време бараа куќа од соништата, се пишуваше за купување неколку вили, но дури сега …