(ФОТО) Кралицата Летиција докажала дека и неонските бои можат да бидат и тоа како елегантни!

СЕКОГАШ беспрекорно средена кралицата Летиција од Шпанија е вистинска инспирација ако сакате „откачените“ модни трендови да ги вклопите во софистицираните аутфити.
Овојпат тоа го направила со неонските бои, поточно со неон розов фустан кој изгледал како дефиниција на елеганција, поради кројот а и поради начинот на кој кралицата Летиција го носела како гостинка на венчавка.

Станува збор за миди фустан со А-крој кој на градите има детал од низа од копчиња, а Летиција ги искомбинирала и ташничката и чевлите во бежова боја кои имале прозирни делови што исто така е еден од „горечките“ модни трендови.

Нејзината нежно виткана фризура исто така придонела за елеганцијата на целокупниот изглед, а тоа и е воедно и еден од омилените начини за стилизирање на косата која ја носи многу често.
Инаку, дизајнерката која стои зад овој фустан е Каролина Херера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до …