(ВИДЕО+ФОТО) ВЕЧНА ЉУБОВ: Куче 18. месеци не се поместува од местото каде загинал неговиот сопственик!

Неколку мештани се обиделе да го вдомат, но тој стално се враќал. Со тек на време се откажале од обидите, но затоа на верното куче му направиле куќичка и редовно му носат вода и храна…
Минувачите веќе добро знаат едно куче во Грција кое веќе повеќе од година и пол стои на патот близу Нафпактос, и тоа точно каде што во автомобилска несреќа загинал неговиот сопственик.

Сопственикот се викал Харис, имал 40. години, а трагично загинал откако го удрила мешалка за цемент. Иако куќата во која живеел со кучето е оддалечена околу 12. километри од местото на несреќата, кучето точно знаело што се случило и сака да се помести од таа локација.

Неколку мештани се обиделе да го вдомат кучето, но тој постојано се враќал. Со тек на време се откажале, но затоа на кучето му направиле куќичка и секој ден му носат вода и храна. Не се поместува од местото дури ниту кога се пеколни жештини , туку се крие во блиските грмушки, пренесува,  prenosi Daily Mail.

Го викаат „Грчки Хачико“ според кучето кое живеело во дваесеттите години во Јапонија и со години стоел пред железничката станица во Токио, откако сопственикот му умрел од мозочен удар додека бил на работа.

Имал обичај секое утро да го придружува сопственикот до железничката станица и да го чека кога ќе се врати. Но, еден ден не се вратил, но Хачико и понатаму останал да чека. Исто така, како и ова куче во Грција, не сакал никој да го вдоми, ниту сакал да се тргне од местото се’ до својата смрт девет години подоцна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Лицата родени во овој хороскопски знак се најголеми емотивци и романтичари

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …