(ФОТО) СЛАВАТА ГО УНИШТИЛА – Популарниот пејач се мачи и не е среќен: Се’ би менувал за мирен живот, а славата му донела ментално пореметување со кое тешко се бори!

Познатиот музичар постигна огромен успех насекаде низ планетата, а сега за прв пат открил дека неговата популарност има своја друга, не толку убава страна.
Пејачот Ед Ширан во едно интервју за The Sun изјавил дека покрај милионите „заработил” и анксиозност (вознемиреност).
Поради тоа, тој го намалил кругот на пријатели на само четири лица и се ослободил од својот мобилен телефон, и тој признал дека сериозно тешко му паѓа дека постојано го фотографираат во јавност:
“Тоа ме натера да се чувствувам како да не сум човечко суштество. Но, она што ме дотолчува е кога имам искрен момент со нив (фанови) и сè е во ред, се додека на крајот не побараат од мене да направам слика”, речкол тој, додавајќи:

View this post on Instagram

@zakarywalters

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on

“На пример, сега кога јадам во ресторан, претпочитам да бидам во приватна просторија, бидејќи ако јадам на јавно место, луѓето околу мене ме сликаат додека земам храна. Се чувствувате како животно во зоолошка градина … Не сакам да се жалам. Имам супер работа и живот, но би сакал да избегнувам такви работи”.

Пејачот својата борба со „вознемиреноста’ ја навел во новата песна „Не ми е грижа”, која ја објавил во соработка со Џастин Бибер: “Со сите луѓе околу мене бев осакатен поради вознемиреност, но ми беше кажано дека сум таму каде што треба да бидам”, се вели во дел од текстот.
Неодамна беше објавено дека Ед наскоро ќе може никогаш повторно да не работи, бидејќи извештаите на странските експерти предвидуваат дека наскоро ќе стане милијардер.

View this post on Instagram

Riga! 📸 @zakarywalters #dividetour

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …