(ФОТО) ЛУД ПЛАН НА ЏОРЏ КЛУНИ: Решил да ги смири 14. години после разводот

Без оглед што минале 14. години од разводот на популарните холивудски глумци, се чини дека на нивниот заеднички пријател Џорџ Клуни тоа ништо не му значи, бидејќи решил да им обезбеди нова шанса, а за тоа имал генијален план.


Имено, тој бившите ги поканил на тајно патување во Рим, со него и неговата сопруга Амал, но за Бред и Џенифер обезбедил приватна вила скриена од љубопитните погледи и од папараците.
Џорџ Клуни себе си ја задал оваа задача со цел својот пријател повторно да го види среќен, а според него тоа би било само повторната врска со Џенифер.


Како што пишува Mirror, состанокот помеѓу нив минал симпатично, благодарение на персоналот кој се однесувал крајно дискретно.
Се видело дека славниот глумец исто така бил загреан за обновување на врската со својата бивша избраничка, меѓутоа, ако може да се суди според изјавата на Џенифер дека нејзините два брака завршиле бидејќи „во тој договор немало среќа“, тоа нема да му успеее.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секс туризам: Кои промени ги внеле „милениумците“?

Туризмот постојано се менува во „чекор“ со општеството, но непредвидливоста на младите генерации е нешто …