(ФОТО) ИРИНА БИЛА ВО ПРАВО: Лејди Гага се вселила кај Бредли Купер!

Холивудскиот глумец и режисер Бредли Купер и понатаму се наоѓа во центарот на вниманието откако ја прекинал долгогодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк.
Како што пишува американскиот магазин „In Touch” Бредли се подготвува на заеднички живот со пејачката Лејди Гага со која го поврзуваат уште од снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“.

„Веќе донела неколку свои работи во станот во Њујорк. Тој е многу фокусиран на нивната врска и нејзината сериозност па нема сомнение дека се вљубени. Заедничкото вселување е следен логичен чекор. И сега знаеме дека повеќе не се претвораат и дека не глумат“, изјавил извор близок на парот.
Додал и дека глумецот брзал да ги испразни сите ормани и фиоки, откак Ирина се иселила, а Гага не губела време да ги наполни и да го украси просторот со декорации и мебел по нејзин вкус.

Судејќи според тврдењата на анонимниот извор, Бредли Купер и Лејди Гага уживаат во заедничкиот живот, но не сакаат да брзаат со брак бидејќи и двајцата неодамна завршиле долги врски.
„Навистина се чувствуваат како непрекинато да се наоѓаат под светлата на рефлекторите и не сакаат да привлекуваат дополнително внимание со нешто како што е венчавка. Знаат што чувствуваат еден за друг и само тоа им е важно. Сакаат да се венчаат и да имаат деца, но се во свое време“, тврди изворот.
Од друга страна, магазинот „People” пишува дека во сето тоа нема вистина и дека Бредли и Лејди Гага се само добри пријатели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …