ЗАСЛУЖЕНО: Учителка од САД добила 20 ГОДИНИ ЗАТВОР бидејќи спиела со ученик!

БИВША учителка од Аризона, САД, Британи Замота, која имала сексуални односи со 13. годишен ученик, е осудена на 20. години затвор, откако ја признала вината, јавува USA Today.
“Јас сум добар и чесен човек кој направи грешка и длабоко се каам поради тоа”, изјави 28-годишната Замора на крајот од судењето и им се извинила на жртвите, нивните семејства и нејзиното семејство.

Имаше сексуален однос со 13-годишен ученик
Изрекувањето на казната на крајот на овој случај, кој привлекол вниманието на медиумите низ целиот свет пред нешто повеќе од една година, кога се дознало дека наставничката имал секс со својот ученик во автомобил и во училницата и дека му испраќала свои голи слики. Еднаш имале сексуални односи во училницата, додека другиот ученик чувал стреажа.
Била откриена откако родителите се посомневале во честиото допишување.

Таа била уапсена во март 2018 година.
Замора дипломирала на Државниот универзитет во Аризона и се вработила во основно училиште во Авондејл, каде била прогласена за наставник на годината за 2016. година. Била во брак додека одржувала однос со ученик. Таа била уапсена во март 2018 година.

Родителите барале максимална казна од 44. години
“Ја мразам Британи Замора поради она што го направила со мојот син и со семејството.Не треба да страдаме поради нечија болна страст, но ние страдаме”, рече мајката на момчето. Родителите барале максимална казна од 44. години и изразиле стравување дека Замора ќе добие пониска казна, бидејќи таа е млада и убава.

Мајката на Замора: “Ве молам, разберете дека таа не е чудовиште”
Мајката на Замора, Дарлин Ирвин, рекла дека медиумите и јавноста се чудовишта во овој случај, а не нејзината ќерка. Таа рекла дека медиумите ја покажале нејзината ќерка како поголем предатор отколку што е.
“Ве молам, разберете дека таа не е чудовиште. Таа е прекрасна личност со најпрекрасно срце”, вели нејзината мајка.
За време на пресудата, Замора плачела. Најверојатно ќе излезе од затвор кога ќе е во доцните четириесетти години и веројатно повеќе нема да може да работи во училиште.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави …