(ФОТО) Зинедин Зидан поради смртта на братот ги напуштил подготовките со Реал!

Фарид Зидан, брат на Зинедин Зидан, денес починал после тешка болест. Зинедин синоќа го напуштил тренинг центарот на Реал во Монтреал за да последните часови ги мине со својот брат.
Откако слушнале за смртта на Фарид Зидан, играчите на рРал Мадрид на тренингот одржале минута молчење посветена на братот на нивниот тренер.


Сеуште не е познато кога Зинедин Зидан ќе се врати во Мадрид, а до тогаш тренинзите ќе ги води Давид Бетони со помош на остатокот на екипата.
Лука Зидан, синот на Зинедин Зидан, ја замолил управата на Рејсинг од Сантандер да отпатува од подготовките за да биде со остатокот на смеејството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на …