(ВИДЕО+ФОТО) Формула 1 – Силверстоун: Ботас до 10. пол пред Хамилтон и Леклер

Валтери Ботас е победник во квалификациите за ГН на Велика Британија, Финецот беше побрз од тимскиот колега Луис Хамилтон за само 6 илјадитинки.


Продолжува доминацијата на Мерцедес на Силверстон, Ферари се закани дека може да им ги помати сметките на ривалите, но исто како и минатата година, тимот од Маранело за нијанса беше побавен.



Валтери Ботас ќе стартува од пол позиција откако Финецот денеска беше најбрз и постави нов рекорд на патеката од 1:25.093. Неговиот тимски колега Луис Хамилтон имаше заостанување од само 6 илјадитинки и време од 1:25.099.
Шарл Леклер по првите два сектори имаше време за пол, но загуби во третиот сектор и на крајот мораше да се задоволи со трето место и време од 1:25.172. Покрај него во вториот ред друштво ќе му прави Макс Верстапен.
Пјер Гасли и Себастиајн Фетел се во третиот ред, а потоа следуваат Даниел Рикиардо, Ландо Норис, Алекс Албон и Нико Хулкенберг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дивееле со Ламборџини, полицијата им ги запленила автомобилите

ДИВЕЛЕ навечер со своите Ламборџини, а полицијата решила да го „награди“ таквото однесување. Иако суперспортските …