(ФОТО) Хулио Иглесијас има вонбрачен син: Загубил 30. години долга судска битка

Шпанскиот пејач и заводник е биолошки татко на Хавијер Санчез (43), кого го родила португалската танчерка Марија Едита Санчез.

Славниот шпански пејач и заводник Хулио Иглесијас (75) е биолошки татко на Хавијер Санчез (43) кого го родила португалската танчерка Марија Едита Санчез, девет месеци откако со музичарот во 1975. година имала седумдневна авантура. Така пресудил судот во Валенсија и го решил спорот кој траел 30. години, бидејќи Иглесијас секогаш одбивал да направи ДНК тест.


Сепак, судијата изјавил дека Едита дала доверливи детали за врската и укажала на физичката сличност помеѓу двајцата мажи.


Хулио сега има 20. работни денови да се жали на одлуката на судот.
Хулио Иглесијас продал повеќе од 300. милиони плочи, на 14. јазици, што го прави најпродаван латино уметник на сите времиња. На пеењето се свртел после сообраќајната несреќа во 1963. година која ја завршила неговата фудбалска кариера.


Во првиот брак со Изабел Прејслер, Хулио ја добил ќерката Чебели (47) и синовите Хулио Јуниор (46) и Енрике (44), а во вториот брак со сегашната сопруга Миранда Ријнсбургер добил уште пет деца – Мигуел Алехандер (22), Родриго (20), осумгодишните близначки Кристина и Викторија и синот Гилјермо (12). Хавијер Санчез му е деветто дете и прво вонбрачно.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …