(ФОТО) Напиток кој го чува здравјето: Овој чај топи килограми и го намалува ризикот од срцев удар!

Во продолжение прочитајте кои благодети ги има овој напиток за здравјето…
Зелениот чај е многу популарен пијалок и научно е докажано дека има позитивен ефект врз телото.
Тој е богат со антиоксиданти, кои го спречуваат развојот на оштетувањето на клетките.
Потенцијалните здравствени придобивки од зелениот чај доаѓаат од катехините, моќни антиоксидантни соединенија познати како флавоноиди, велат експертите. Посебен тип на катехин, познат како EGCG, се наоѓа во поголеми количини во зелениот чај отколку во бел или црн чај.

“Ова соединение може да биде уште посилно од витамините Ц и Е, кои се многу, многу силни антиоксиданти и помагаат во спречувањето на оштетувањето на клетките”, вели нутриционистката Челзи Шнајдер.
“Клиничките испитувања поврзани со зелениот чај сѐ уште се во рана фаза и им советувам на сите да пијат, бидејќи тоа може да биде од корист, но исхраната е наука и потребно е време за да се дојде до точни заклучоци”, вели нутриционистката Ненси Фарел Ален.

Слабеење
Зелениот, црн и бел чај доаѓаат од истата фбилка. Зелениот чај е направен од лисја на зрели растенија, додека бел чај е направен од рано исушени лисја.
Експертите истакнуваат дека мешавината на кофеин во зелениот чај и катехинот може да ја подобри работата на метаболизмот и обработката на мастите. Но, се чини дека луѓето мора да пијат многу зелен чај за да добијат значителни придобивки за губење на тежината.
Покрај тоа, зелениот чај е одличен за здравјето на срцето. Една студија во 2018. година покажала дека зелениот чај го намалува лошиот ЛДЛ холестерол.
Намалува ризик од срцевите заболувања и свирепите болести
Катехините во зелениот чај го намалуваат ризикот од срцев удар, ги релаксираат крвните садови и го олеснуваат воспалението.
Меѓутоа, важно е дека зелениот чај исто така е поврзан со помал ризик од развој на одредени видови на рак. Истражувањата конкретно го поврзаа зелениот чај со намалување на ризикот од рак на јајниците.
“Некои мали студии велат дека зелениот чај може да се спречи за одредени видови на рак, како што се рак на дојка, јајниците, ендометријалниот, рак на панкреасот и на белите дробови, но оваа студија не е доволна за да се тврди со сигурност”, заклучила Шнајдер .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …