(ФОТО) КАКО СИОТ НОРМАЛЕН СВЕТ: Меган го прошетала Арчи, а Кејт децата ги хранела со сендвичи – Во вакво издание сеуште не сте ги виделе!

Двете кралски снаи уживале во пикникот со децата…
Двете јатрви, војвотките Кејт и Меган вчера со децата минале ден во природа. Војвотката од Сасекс првпат во јавност го извела двомесечниот син Арчи, на хуманитарен натпревар во поло. Неа и се придружила и војвотката од Кембриџ со своите деца.

Кејт и Меган енергично навивале за принцевите Вилијам и Хари кои учествувале во поло натпреварот.

Кејт (37) изгледала елегантно во розев лелеав фустан додека на нозете имала сандали со платформа кои не ја спречувале да трча по своите деца.

Меган носела маслинесто зелен фустан (кој чинел 550 фунти) и златни авијатичарски очила за сонце, а синот Арчи сето време го држела во прегратка.

Ова е прв пат од крштевката на Арчи двете јатрви да се видени заедно на еден настан.


После поло мечот Кејт организирала пикник. Пред автомобилот послала ќебе и на децата им поделила сендвичи.
Меган неодамна била критикувана поради непристојното однесување на Вимблдон кога била да ја гледа Серена Вилијамс, кога не дозволила никој околу неа ниту пак да биде фотографирана. Овојпат гордо го покажувала Арчи на сите кои сакале да им пријдат.


За време на натпреварот не се одвојувала од Кејт и нејзините деца, додека принцот Џорџ својата стрина и малечкиот братучед ги следел во чекор.


Се чини дека двете кралски снаи „ги измазниле“ сите недоразбирања кои ги имале, или ова било само добра претстава за јавност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …