После невремето на Халкидики: МНР објави дежурен телефонски број од Генералниот конзулат во Солун за потребите на македонските државјани

Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.
Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.
Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции. Генералниот конзулат на  Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесетте. Свети Стахиј му беше помошник на свети Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави …