Д-Фестивал оваа година со TigoChallenge зона

Финансиското друштвоТигоФајнанс и продукциската куќа- организатор на едни од најпосетените фестивалски случувања кај нас, Пасворд Продакшн, го најавија своето ексклузивно партнерство за претстојните Д Фестивал,GreenBeach фестивал, Таксират и SkopjeBeerFest.

Првиот во низата е претстојниот Д Фестивал кој се одржува викендов на плажите на Дојранското езеро, каде во текот на трите фестивалски дена, во кампусот на фестивалот ќе биде поставена т.н. „TigoChallenge зона“, каде покрај простор за релаксирање, одморање и дружење, за посетителите ќебидат понудени и дополнителни активности. Во виолетовата Тиго зона, присутните од водителот на настанот Гораст Цветковски ќе бидат предизвикани да се докажат во некоја од индивидуалните игри, а највештите ќе бидат наградени со уникатни изненадувања.

„Партнерството со Пасворд Продакшн и ТигоФајнанс дојде сосема спонтано и природно, а како заедничка вредност го идентификувавме единственото искуство што го обезбедуваат обата бренда. Со оваа активност, ТигоФајнанс ги искажува своите искрени намери и поддршка за создавање и одржување квалитетни содржини за младите луѓе во доменот на музичката уметност и културата. Сигурни сме дека, почнувајќи со Д Фестивал викендов, фестивалите ќе ги имаат своите најдобри изданија досега“,изјави Филип Димитровски, Извршен директор на ТигоФајнанс.

Годинешниот, деветти по ред Д фестивал, ќе се одржи од12-ти до 14-ти јули и најавени се повеќе од 50 македонски и странски музички изведувачи. Се издвојува со својот музички профил како и уникатен open-air концепт. Пасворд Продакшн своето реноме низ годините го изгради како издавачка куќа и музички промотор која ги организира најавтентичнитемузичко-сценски настани и најголемите музички фестивали кај нас и која важи за најактивниот промотор на македонските, но и регионалните, музички уметници на интернационалната сцена.

Повеќе информации за ТигоФајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) ПОСРЕЌНИ ОД БИЛО КОГА – Тој има 72, а таа 41. година и заедно одгледуваат близначки: Рони Вуд поради нив се откажал од дрога и алкохол!

Рони Вуд и сопругата Сали прв пат се сретнале пред 10. години додека тој бил …