(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПРЕПРАВИЛ во инвалид со цел да ги тестира јавните службеници па останал во шок!

Како дел од необичниот општествен експеримент еден мексикански градоначалник се преправил во лице со инвалидитет за да, од прва рака, го тестира системот на јавни службеници.
Откако добил бројни жалби на лица со инвалидитет и друго социјално загрозени лца за третманот на социјалните работници кон нив, Карлос Тена, градоначалник на Куантемока, град во мексиканскатра сојузна држава Кихуаха, не знаел кому да верува, на наводните жртви или на своите соработници, пренесува Oddity Central.
Поради тоа осмислил план за да го испита системот на социјалните раотници. Тена два месеци подготвувал уверлива маска, а потоа ги обиколил јавните службеници во канцеларијата на градоначалникот и социјалната служба и се претставувал како лице со инвалидитет на кое му е потребна помош.
Носел дебел џемпер кој деумнбо му го прекривал лицето, како и сив шешир, црни очила и завој преку левото уво, а за да ја лажира повредата и одбегне да го препознаат. Во управата за општествен развој барајќи помош влегол во количка за инвалиди. Таму побарал бесплатен оброк, на кој лицата со инвалидитет и сиромашните граѓани имаат право – според законот, но го игнорирале дури и го дискриминирале.

После лошото искуство, Тена ја посетил сопствената канцеларија барајќи да разговара со градоначалникот, но му рекле дека не е таму. Кога побарал да разговара со секретарот на градското собрание, грубо му било кажано да почека во ходникот бидејќи јавниот службеник нема да пристигтне уште час и половина. Во тој момент Тена бил убеден дека жалбите кои ги примал биле оправдани па излегол од инвалидската количка и ја симнал маската, оставајќи го персоналот во градската управа во шок.
„Целта на овој експеримент беше да се докаже стварноста која граѓаните секојдневно ја доживуваат, рамнодушност и занемарување на јавните службеници со кои се соочуваат“, им рекол градоначалникот на локалните медиуми.
„Одлучив да го направам ова бидејќи не знаев кому да му верувам – на моите соработници или на граѓаните“.
Мексиканскиот весник El Vocero известила дека Тена е познат по тоа што се бори за еднаков третман на социјално загрозените лица, помагајќи им колку што е тоа во негова моќ. Всушност тој и претходно имал намера да оди на оваа тајна задача и да види како јавните службеници ги третираат граѓаните, но дури сега успеал да ја спроведе во дело, кога веројатно сите заборавиле на таа идеја.
„Овојпат никому ништо не му рече“, потврдила гласноговорничката на градското собрание.
Тена на мексиканските медиуми им рекол дека го игнорирале и дискриминирале, поради што бил многу разочаран од колегите. Додал дека немале сите еднаков третман кон него но јасно ставил до знаење дека повеќе не сака да слушне за малтретирање на луѓето или ќе преземе драстични мерки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …