(ВИДЕО+ФОТО) Катастрофа во Преспа: Невремето корнело дрвја, носело покриви, уништило ниви…

Големо невреме проследено со ветер и град ја зафатило Преспа, направена е голема материјална штета а бројни села останале без струја.
Жителите рекле дека не памтат вакво невреме во нивниот крај. Некои села се отсечени бидејќи на патиштата има откорнати дрвја, уништени се многу покриви на куќи, урнати бандери, некои села се без струја…


Невремето траело околу половина час и ги уништило земјоделските посеви, а најголема штета имало во селата Штрбово, Наколец, Крани и Љубојно.
Локалните служби се на терен и се обидуваат да ги санираат штетите…


Јани Бојаџи на Фејсбук постави видео со следниот коментар: „Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу “природа!“
Деветнаесет литри дожд на квадратен метар наврнаа до 17 часот во Крива Паланка, 14 во Виница, 12 во Берово, шест во Маврово, пет кај Зајчев рид во Скопје и во Лазарополе, четири во Ѓуриште, информираше синоќа Управата за хидрометеоролошки работи.


Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!

Gepostet von Jani Bojadzi am Mittwoch, 10. Juli 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …