(ФОТО) Тина открила детали од „злоставувањата“ од Ајк Тарнер но и за подарениот бубрег од сегашниот сопруг!

„Мислам дека Крег беше осамен, тоа е она што го уби. Имам многу фотографии од него на кои тој се смее и чувствувам дека е на подобро место. Навистина чувствувам”, заклучила Тарнер…
Легендарната Тина Тарнер признала дека и ден-денес ја преплавуваат емоции кога размислува за покојниот сопруг Ајк, кој ја злоставувал и тепал, и дека колку и парадоксално тоа да звучи, таа се венчала со него само за да го спречи понатамошното злоставување.

Тина во недамнешното интервју за „CBS News” објаснила дека нејзиниот сегашен брак со музичкиот продуцент Ервин Бах е нејзин прв брак, што се однесува до неа. Тина била во брак со Ајк Тарнер од 1962. до 1978. година.
„Кога Ајк ме праша да се венчам со него, знаев дека тоа е со некоја намера. Но, морав да кажам ‘да’, во спротивно ќе добиев ќотек“, рекла Тина.

Но, Тина вели дека нивниот однос на почетокот бил добар.
„Во почетокот, Ајк беше премногу добар кон мене. Не му се допаѓаше тоа што мораше да зависи од мене и не сакав да започнувам кавга бидејќи секогаш имав помодрено око, скршен нос, отечена уста, скршено ребро…”, изјавила пејачката.
Тина и Ајк соработувале во текот на 60.тите години, пред нивната хемија на сцена да се префрли и во реалниот живот. Ајк подоцна почнал сериозно да ја злоставува до таа мера што таа се обидела да се самоубие во 1968. година. Познато е дека тој истовремено бил и’ неверен и’ зависен од дроги, пишува „Independent”.
Тина буквално побегнала од бракот во 1976. година, а судот ѝ дозволил да го задржи своето сценско име Тина Тарнер, кое Ајк ѝ го дал, но официјално го заштитил како свое. По разводот, таа доживеала препородување со планетарни хитови кои и денес се слушаат, а нејзината животна приказна е преточена во филмот „What’s Love Got to Do With It” од 1993. година.
Пејачката во интервјуто зборувала и за смртта на нејзиниот син Крег кој се самоуби во јули 2018 година.
„Мислам дека Крег беше осамен, тоа е она што го уби. Имам многу фотографии од него на кои тој се смее и чувствувам дека е на подобро место. Навистина чувствувам”, заклучила Тарнер.

Тина Тарнер (79) која од 2013. година, на негово инсистирање нејзините деца да го наследат бидејќи тој нема потомци, е во брак со Ервин Бах (63), продуцентот кој повторно ја врати на сцената. Пред две години познатата пејачка се соочувала со дијализа, бидејќи и откажувале бубрезите. Но, Ервин се тестирал и откако било испитано дека е тој потенцијален донор и го дал својот бубрег…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секс туризам: Кои промени ги внеле „милениумците“?

Туризмот постојано се менува во „чекор“ со општеството, но непредвидливоста на младите генерации е нешто …