Ново ремек-дело од Јапонија: Lexus го потврди производството на LC кабриолетот

За разлика од Coupe, покривот нема да има линија која се спушта кон вратата на багажникот, туку ќе има остар пад кон продолжениот заден дел

Од јапонскиот премиум бренд потврдија дека семејството LC наскоро ќе стане побогато за кабриолет верзија.
Откако дебитираше во Детроит, прекрасниот LC Convertible Concept го привлече вниманието и на „Гудвуд“ фестивалот на брзината. Конкурентот на BMW Series 8 Convertible е првата кабриолет верзија на GT моделот од прекинувањето на производството на моделот SC430 во 2010-та година.

Како и претходникот, LC Convertible ќе има тврд подвижен покрив, а механизмот за склопување ќе биде сместен зад кабината која исто како и Coupe верзијата ќе има конфигурација од 2+2 седишта.За разлика од Coupe, покривот нема да има линија која се спушта кон вратата на багажникот, туку ќе има остар пад кон продолжениот заден дел.

Автомобилот ќе биде долг 4,770 милиметри, широк 1,920 и висок 1,340 милиметри, со меѓуосовинско растојание од 2,870 илиметри. Под хаубата ќе биде сместен twin-turbo V8 агрегат кој ќе развива 600 коњски сили, а повеќе детали околу овој модел ќе бидат познати наскоро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Самсунг започна со масовно производство на првиот индустриски 12Gb LPDDR5 Мобилен DRAM за премиум смартфони

Новиот Самсунг 12Gb LPDDR5 е базиран на најновите DRAM стандарди и го зголемува потенцијалот на …