(ВИДЕО+ФОТО) Фуриозниот Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон

Најдобриот тенисер на светот и актуелен шампион од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на славниот Грен слем на трева, откако за помалку од два часа го „уништи“ Белгиецот Давид Гофан во три сета со 6:4,6:0,6:2 за своја јубилејна 70. победа на „Ол Ингланд клубот“.
Во уште еден меч кој ја покажа огромната разлика во квалитет меѓу големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) и конкуренцијата, Белгиецот едноставно немаше доволо ментална сила да му се спротистави на Србинот, и откако го загуби првиот сет по тесна борба, капитулираше во вториот сет и не освои ниту еден гем. Ѓоковиќ лесно ги добиваше гемовите на свој сервис, а исто толку лесно правеше и брејкови на сервис на противникот.

„Тој започна добро, но клучен беше гемот на 5:4. Да го загубев првиот сет, мечот ќе беше сосема поинаков. Досега, работите одат добро и играм одлично, се надевам дека одам понатаму со уште подобра игра“, вели Ѓоковиќ.

Следен за Србинот е подобриот од дуелот помеѓу Аргентинецот, Гвидо Пелја и Шпанецот, Роберто Баутиста Агут, додека во второто полуфинале ќе се сретнат подобрите од мечевите Надал-Сем Квереј и Федерер-Кеи Нишикори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …