(ФОТО) 6. ЗАБОЛУВАЊА КАЈ КОИ ПОМАГА ЧАЈ ОД ЦИМЕТ: Одличен за слабеење а го штити телото и од воспалувања и бактерии

Чајот од цимет помага кај дури 6. различни здравствени проблеми, а веруваме дека овој лековит зачин секој од нас го има во својата кујна…
1. Цимет е зачинот кој е најбогат со антиоксиданси. Содржи антиоксиданти од полифеноли кои ги спречуваат слободните радикали да ги оштетуваат клетките и предизвикуваат болести како дијабетес, рак и срцеви заболувања.
2. Го намалува нивото на шеќер во крвта така што делува како инсулин. Исто така, го успорува разградувањето на јагленохидратите, така што шеќерот не се зголемува по оброкот.

3. Истражувањата покажале дека циметот гп регулира високиот крвен притисок, нивото на триглицериди и го спречува растот на лошиот холестерол во крвта. Ова го прави моќен природен лек за срцето. Повеќе од 10. научни истражувања покажале дека конзумирањето на помалку од 120 мг цимет на ден може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
4. Искуството покажуваат дека циметот е одличен додаток при процесот на губење на тежината. Тој делува на забрзување на метаболизмот и регулирање на зголемениот апетит. Сепак, важно е да се биде претпазлив и да се провери кај експертот колку цимет е дозволено дневно да влезе во телото. Прекумерната потрошувачка на цимет може да доведе до крварење и проблеми со црниот дроб.

5. Циметот има антибактериски и антифунгални ефекти бидејќи содржи соединение наречено цинамалдехид. Ова би значело дека циметот е добар природен лек за стафилококи, салмонела и ешерихија коли. Сепак, овој ефект на цимет сè уште не е доволно тестиран.
6. Чај од цимет може да помогне во ублажување на болните менструални грчеви и симптоми во ПМС. Исто така, може да помогне да се намали менструалното крварење, како и гадење и повраќање за време на менструацијата.

Чајот од цимет се подготвува така што една лажичка цимет ставаме во чаша (235ml) врела вода, и мешаме. Можете исто така да го направите со чување на стапче од цимет во водата на 10. до 15. минути.
Забелешка: Пред да го консумирате чајот од цимет, консултирајте се со вашиот лекар!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секс туризам: Кои промени ги внеле „милениумците“?

Туризмот постојано се менува во „чекор“ со општеството, но непредвидливоста на младите генерации е нешто …