(ВИДЕО+ФОТО) МАЛКУ СЕ ЗНАЕ ЗА ОВАА СТРАНА НА АРГЕНТИНЕЦОТ: Ресторанот на Лионел Меси во Аргентина им помогнува на бездомниците

После ладниот туш за Аргентина на „Копа Америка“, обвинувањата и се што преживеа,веќе се зад него, Лионел Меси преку неговиот ресторан „Вип Росарио“ сега им помага на бедзомниците.
Неговиот семеен ресторан во Росарио, именуван „ВИП“ од петокот на бездомниците им нуди чинија топло јадење.

„Исто така им даваме и кафе, некој сок а кој сака и малку вино“, рекол менаџерот на ресторанот, Ариел Алмада.
„Доаѓаат многу луѓе и се многу благодарни“, додал тој.

„Со оваа дејност ќе продолжиме и во наредните 15. дена, секоја вечер од 19. до 21. часот“, објаснил Алмада.
Ресторанот исто така планира да собере топла облека за сите на кои им е потребна.

Меси е веќе со години инволвиран во хуманитарна работа преку неговата Leo Messi foundation.
Во февруари фондацијата донирала 200.000 евра за да помогне да се најде вода во Кенија, во проект заедно со УНИЦЕФ. Парите биле искористени за градење пумпа за вода, како и за снабдување со храна. Оваа пумпа требало да обезбеди вода во домовите за повеќе од 2.000 луѓе и нивните семејства. Но, и за школите.

VIP ROSARIO

Gepostet von Bar VIP Rosario am Mittwoch, 5. September 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …