Националната опера и балет со музичко-сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ во БиХ

Музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ од Карл Орф, гостување на Националната опера и балет од Република Северна Македонија,ќе се одржи на 18. октомври 2019 година во „Мирза Делибашиќ“ во Скендерија.
На прес конференцијата присуствуваа организаторите на Фондацијата за култура и образование „Амадеус“,  маестро Емир Нухановиќ и директорот на Националната опера и балет од Скопје м-р Васо Ристов. Најавено беше музичко-сценски спектакл со „Кармина Бурана“ на Карл Орф во кој ќе настапат повеќе од 200 уметници, оркестар, балет, оперски и балетски солисти од Република Северна Македонија, БиХ, Турција, Португалија, Русија и Србија. За реализација на овој проект учествува  врвна уметничка екипа како што се Миодраг Табачки од Србија, Кан Арслан и Гизем Бетил од Турција, Елена Дончева и Дејан Прошев од Република Северна Македонија.
Покрај гостите ќе настапат и уметници од БиХ, детски хор  под диригентската палка на маестро Емир Нухановиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Уште едно признание:Златна арена за режија на Теона Стругар Митевска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 …