(ФОТО) Намирници кои „јадат маснотии“

Диети, упатства за правилна исхрана…се’ се тоа дел од препораките за здрава исхрана но и насоки со кои можеме да влијаеме на маснотиите во нашиот организам…
Нејзиното величество – јаболкото – и меѓу овие намирници го има водечкото место, а подолу дознајте кои се’ продукти влијаат на „топењето“ на маснотиите во нашиот организам…
Јаболки
Според една студија во Германија, јаболката содржи антиоксиданти од полифеноли кои го спречуваат складирањето на масни наслаги. Исто така, постојат докази дека некои видови, како „Грени Смит“, помагаат да се произведат добри бактерии во цревата, со што гладот е под контрола.
Грејпфрут
Откриено  е дека грејпфрутот го намалување нивото на инсулин во крвта, што го овозможува процесот на складирање на маснотии. Исто така, придонесува за намалување на апетитот.
Јајца
Јајцата се богати со здрави протеини, на кои телото троши многу енергија за да ги процесира. Тие исто така се извор на здрав холестерол, а во исто време помагаат во намалување на лошиот холестерол во крвта.

Јагоди
Овие бобинки, богати со полифеноли, помагаат во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта и го намалуваат формирањето на масни наслаги. Исто така е богат извор на витамин Ц, кој помага да се ослободите од хормонот на стрес или кортизол, кој после напорен тренинг се ослободува од надбубрежната жлезда.
Боровинки
Ова овошје е вистински пример за борец против иодвишни масти. Една студија во САД покажала дека боровинките можат да го спречат развојот на масни клетки, до 73%.
Овес
Содржи многу влакна, како и малку калории, па садот од овесна каша за појадок е совршен начин за забрзување на метаболизмот и согорување на калориите.
Зелен чај
Соединенијата кои се наоѓаат во зелениот чај, катехини, му помагаат на вашето тело така што влијаат на брзиот развој на метаболизмот. Тие го намалуваат нивото на ензимите, катехолната О-метилтрансфераза, која ја деградира активноста на  хормонот норепинефрин, кој согорува маснотии.
Лути пиперчиња
Тие содржат капсаицин, кој помага на групата протеини во вашето тело да ја разложат маснотијата. Направете вкусен појадок така што ќе ги конзумирате со јајца.
Јогурт
Јогуртот содржи бактерии кои всушност влијаат на намалувањето на количината на маснотии што телото ги апсорбира и чува. Покрај обичниот јогурт, ви препорачуваме да пробате грчки јогурт, кој има двапати повеќе протеини од други видови.
Посно месо
Немрсното месо содржи протеини кои имаат термогенерички ефект и кои го поттикнуваат телото да согорува повеќе калории. Резултатите се одлични ако консумирате месо без маснотии, како што се од мисирка и пилешко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …