(ФОТО) ИМА НАДЕЖ ЗА ПЛАНЕТАТА, НАУЧНИЦИТЕ ДОКАЖАЛЕ КАКО: Џиновска шума би ја спасила климата,а би морале да ја засадат овие земји!

Екстремните климатски промени можат да бидат спречени со садење на милијарда хектари шума, покажува студијата за климатски промени – IPCC.
Истражувачите велат дека на Земјата има доволно простор да се засади шума со површина на Соединетите Американски Држави, како и дека оваа шума би имала големо позитивно влијание на климатските промени.
Со садењето на шумата количеството на јаглен диоксид во атмосферата би бил намален за 25. отсто.
Тоа, според авторите на студијата, моментално е најефикасно решение за климатските промени во светот, пренесува BBC. Меѓутоа, неколку истражувачи изразиле резерва и ја оспориле идејата дека садењето дрва е најдобро решение за климатските промени.

„Пошумувањето е можеби најефикасно решение, но е далеку од ‘најдоброто решение за климатските промени’, особено во однос на потполно намалување на емисијата на фосилните горива“, смета професорот Мајлс Ален од Универзитетот Оксфорд.
Други не се убедени дека дрвјата ќе го апсорбираат огромного количество на јаглен диоксид.
Поради можноста да го апсорбира јаглен- диоксидот, дрвјата се важно оружје во борбата против се’ повисоките температури.
Истражувачите тврдат дека ако светот сака да го ограничи растот на температурата за еден и пол степен до 2050. година, неопходно е да се засади уште една милијарда хектари шума.

Тие идентификувале шест земји каде што треба да се засадат најмногу дрвја: Русија (501. милион хектари), САД (103. милиони хектари), Канада (78. милиони хектари), Австралија (58. милиони хектари), Бразил (50. милиони хектари) и Кина (40. милиони хектари).
Клучно е и шумите да се заштитат, да се бараат други решенија за климатските промени и да се продолжи со исфрлување на фосилните горива од употреба, се заклучува во студијата.
Екран.мк
Фото:Xinhua/Yang Wenbin

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) БРЗО ОПОРАВУВАЊЕ – ОВАА СМЕСА ЛЕКУВА ХОЛЕСТЕРОЛ, ДОКТОРИТЕ СЕ ЧУДАТ: Ќе се опоравите брзо, се е природно а состојките ги имате во вашата кујна!

Кога ќе се помеша со сок од лимон, магдоносот не само што ја стимулира циркулацијата, …