(ФОТО) Фаталниот Турчин не го спасил бракот: „Таа се омажи само од корист!“

Двојката заедно има едно дете, синот Кузеј, а покрај расфрлувањето, Дениз, како причина за крах на бракот наведува дека Фејзе не ги исполнувала мајчинските должности. Неговите пријатели за турските медиуми велат дека знаеле дека бракот нема да опстане…

Турскиот глумец Озкан Дениз (46) се обидел да го спаси бракот, но не му успеало по втор пат. Како што пренесуваат турските медиуми, глумецот од серијата „Истанбулска невеста“ се разведува од манекенката Фејзе Актан (46). Издржале 15. месеци, а во текот на тој период често се расправале околу нејзиното неконтролирано трошење пари.

Двојката заедно има едно дете, синот Кузеј (1), а покрај расфрлувањето, Дениз како причина за крајот на бракот навел дека Фејзе не ги исполнувала мајчинските должности.

Манекенката веќе смислила и како ќе се збогати. За времето минато во бракот барала надоместок од 2.500 милиони евра.
„Знаевме дека нема да опстанат. Фејзе се омажи од корист. Тоа што бара надомест само го потврдува тоа“, рекол пријател на парот за турските медиуми.
Се венчале во март минатата година, а пријателите на глумецот велат дека Актан едвај чекала да роди дете за да се однесува како што сака.

„Тој тоа повеќе не може да го трпи па одлучил да се исели од заедничкиот дом. Жал му е што ова се случило бидејќи зад себе веќе иам еден развод. После тоа внимателно бираше со кого ќе го мине остатокот од животот, но се чини дека згреши“, рекол пријател на глумецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …