(ФОТО) ЛИЧЕН СТАВ – Огнен Јанески од ТВ24: „Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт…!“

Во статус на Фејсбук, Огнен Јанески, кој неодамна си поднесе оставка од позицијата главен и одговорен уредник на ТВ24, вели дека некој во власта чепка, копа и ровари кон личното, семејното, најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси. Во продолжение ви го донесуваме целиот негов пост:

„Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!
Правдата од достижна, стигна до скоро непостоечка! Грешни Химни, грешни знамиња на држави, никаков протокол, срамови на сите страни. Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите! Но, тоа е се’ последица на многугодишната неказнивост! Небото не е ни граница за човековата глупавост! Никој не понесува одговорност, никој никого не почитува. Секој се меша каде што не му е местото. Влада пушта соопштение за пејачка која пеела грешна Химна на приватен настан на странска амбасада, чиниш државна службеничка е. Се’ е тргнато по ѓаволите.

Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа! Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт. Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини. Но, се’ тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето. Вие мене најблиското – семејството, а јас вам најљубеното – парите и функциите. И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се’ додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.
Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не’ уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе“, пишува Огнен јанески..

Фото: Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Секс туризам: Кои промени ги внеле „милениумците“?

Туризмот постојано се менува во „чекор“ со општеството, но непредвидливоста на младите генерации е нешто …