(ВИДЕО) Родена како сирена: Мислеле дека нема да преживее – погледнете како сега изгледа ова девојче!

Приказната за девојчето – сирена навистина звучи како бајка.
Малечката Милагрос Керон е родена во целосна симораштија во едно зафрлено село на Андите. На свет дошла со ретко нарушување, сиреномелија, односно „синдром на сирена“, поради што нозете и биле споени од петиците па се до интимното подрачје.
Нејзините слики веднаш го обиколиле светот и предизвикале чудење, но и сожалување. Стапката на смртност во вакви случаи е огромна, а лекарите на Милагрос не и давале никава шанса.
„Обично бебињата во ваква состојба умираат во првите 72. часа по раѓањето“, вели д-р Луис Рубион, благодарение на кој Милагрос денеска е жива и здрава и тоа со раздвоени нозе. Таа е еден од трите случаи во светот каде пациенти живеат со овој синдром.
Милагрос минала низ многу операции, дури 13. како и трансплантација на бубрег во 2012. година. Сепак д-р Луис со својот тим успеал да и ги раздвои нозете.
Сето тоа не би било можно ако операции финансиски не ги помогнела државата, бидејќи семејството на Милагрос е многу сиромашно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …