(ВИДЕО) Рафа ги издржи сите притисоци и „на тениски начин“ го замолчи Киргиос!

Рафаел Надал лут како рис а Киргиос си оди дома…Тоа би било накусо тоа што го одбележа вчерашниот дуел помеѓу Рафал Надал и Ник Киргиос…
Австралијанецот се расправаше со судијата, постојано приговараше, сервираше од рака, трчкаше помеѓу поените кривејќи се, го гаѓаше Рафа…Но, сето тоа беше дел од тактиката за да „му се вовлече“ во глава на Надал. И’, успеа, но Шпанецот е сепак еден од ментално најјаките спортисти во историјата – 6:3, 3:6, 7:6 (7-5), 7:6 (7-3).

На крајот на мечот Надал беше лут како рис, а Киргиос си замина дома ист како што пристигна на Вимблдон – невоспитан и без почит кон големите имиња…Но, неговото тениско неоднесување само уште еднаш покажа дека е штета што не умее да се избори со демоните во себе за да оствари поголема кариера.
Вака ќе се остане „оној Ник“ а неговите противници, во овој случај, Рафаел Надал, продолжуваат понатаму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНАВИРУС – ПУТИН: Ја регистриравме вакцината против корона, ЈА ВАКЦИНИРАВ ЌЕРКАТА

Рускиот претседател Владимир Путин потврдил дека Русите ја регистрирале првата вакцина против корона на светот. …