Анастасија: Минатата година беше откритие на „Мак Фест“- За следниов период најавува две нови песни

Минатата година со „Ме научи да бидам своја“ дебитираше на сцената на „Мак фест“ и го освои високо 4-то место, а оваа песна на Иле Спасев и по цела година, остана како една од највртените и најслушаните хитови по македонските радио станици. Анастасија Аврамовска, која неодамна го прослави својот 18-ти роденден, откако ги собра сите најпозитивни коментари од публиката и стручната јавност лани, за оваа година најавува уште две нови песни, едната со промоција на „Охрид фест“, додека втората повторно на „Мак фест“.

Во меѓувреме оваа наша талентирана девојка настапи и на музичкото шоу за таленти „Ѕвезда број 1“ во организација на фестивалот „Мел Фест“, каде го освои високото 3-то место, а од жирито во текот на сите гала вечери и на самото финале ги собра најубавите коментари.


„Од минатата година, уште со настапот на Охрид фест, а потоа и со Мак Фест и успехот на песната од овој фестивал, која ден денес се врти по радио станиците, започнав да го живеам својот сон. Музиката е она што најмногу го сакам и затоа од срце им благодарам на сите луѓе кои ми ја даваат најголемата поддршка. Оваа година во последен момент решив да се пријавам и на шоуто за таленти ‘Ѕвезда број 1’ целта ми беше да чујам и мислење за моето пеење и однесувањето на сцената од страна на стручни музички лица како Елена Петреска, Александар Масевски, Тамара … Таму го освоив третото место. Следен предизвик ми се фестивалите Охрид фест и Мак фест каде повторно настапувам оваа година“, вели Анастасија.


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Трагедија на скијање: Починал најпознатиот француски актер

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој глуми во претстојната серија на Марвел „Moon Knight“, загинал во …